Денес се празнува Иванден- празник за лекување и за добивање потомство

Меѓу летните празници кои христијаните го празнуваат денеска е Иванден. По народот уште попознат како раѓањето на Свети Јован Крстител. Во народната традиција овој празник се поврзува со сонцестој, ритуалите со билките претставуваат едни од најважните елементи на овој празник. Бидејќи, се поврзани со многу обичаи и верувања, а Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината. Се смета дека Иванден е голем празник што сонцето на тој ден застанува три пати.

На Иванден се плетат венци и се китат просториите, со самото плетење на венците сака да се каже дека природата дошла до средината на летото и со тоа природата се овенчува. Венците сплетени од јованова трева на Иванден се провлекувале жените кои немале пород. Исто така, верувањето е поврзано и папратот. Кој се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро се плетат венци што се ставаат на бавчите за да ги чуваат од разни болести, несреќи како и временски непогоди.

Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јане, Јана………

Надица Стојковска/ М Нет