Денес и утре затворена улица „Јосиф Ковачев“ во Штип поради реконструкција на водоводна линија

Од Општина Штип извествуваат дека поради реконструкција на водоводната линија на дел од улицата „Јосиф Ковачев“, во текот на денешниот и утрешниот ден истата улица ќе биде затворена за сообраќај на потегот од спојот со ул. „Митко Цецков“ до спој со улицата „Иво Лола Рибар“.