
Денес на програмата се натпреварите од 11. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност да го проследат во живо соочувањето меѓу Каменица Саса и Охрид.
„Рударите“ немаат право на грешка во тешката битка за опстанок во Втората лига, а триумф може да ги извлече од дното на табелата и да направат прогрес, од друга страна охриѓани по долгата низа на победи забележаа пораз од Пелистер во дербито на „Билјанини Извори“ и сега доаѓаат по трите бодови во Македонска Каменица со цел да продолжат да ги напаѓаат местата кои водат во Првата македонска фудбалска лига.
Натпреварот во Македонска Каменица ќе го суди Христијан Божиновски, а преносот во живо на телевизија М Нет ќе започне во 13 часот.