
Поради лоши временски прилики минатиот викенд три натпревари беа одложени за денес. Лидерот Големо Коњари одигра „нула“ (0:0) против Слога, но тоа немаше влијание на врвот од табелата со што Големо Коњари е есенски шампион.
Ултрас на теренот на Могила со 2:0 ја доби Марена во меч каде двата гола беа постигнати во првиот дел. Димески и Трајкоски беа стрелци за домашниот тим.
Атрактивен меч со осум гола одиграа Бучин и Младост во натпревар каде гостинската екипа од Кривогаштани беше подобра со 3:5. За домашниот тим Шопески, Вурмески и Звездакоски беа стрелци, а а гостите Крстески беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ѓорѓиев, Китаноски и Мијајлески.
Колку за потсетување како што веќе објави телевизија М Нет, Локомотива со 0:3 беше поразена од Борец во Градско во натпревар одигра на 25. ноември, а пак на 26. ноември Росоман со 2:1 го доби Превалец.
Во однос на табелата лидер и есенски шампион е Големо Коњари со 25 бодови, втор е Борец со 23 бодови колку што има и Превалец кој е трет. Росоман е на 4. место со 19 бодови, Младост е на 5. место со 17 бодови, Питу Гули и Марена со по 11 бодови го дела шестото место. Слога и Ултрас со по 10 бодови го делат осмото место. Некогашниот второлигаш Локомотива од Градско со седум бодови е на претпоследното место со седум бодови, а на дното без ниту еден освен бод е Бучин.
АВТОР: Александар Ванев