Денеска гласаат 66 болни и изнемоштени лица и 67 затвореници за градоначалник на Општина Штип

Мирно започна и денешното гласање за градоначалник во Општина Штип. Денеска 12 декември своето демократско право на глас го остваруваат болните и изнемоштени лица, и затворениците. Од претходно добиените 68 барања, прифатени се 66. Обучена екипа оди по домовите на болните и изнемоштени лица со почитување на мерките и протоколи за заштита од ширење на корона вирусот, и на тој начин се одвива гласањето. Избирачкото место е отворено во 8 часот наутро, односно тогаш се подигнати материјалите за гласање. Три години по ред, во својот дома гласа и 65годишната госпоѓа Соња, бидејќи болеста не и дозволува да оди до најблиското избирачко место и да го оствари своето демократско право на глас. Бројот на изнемоштени и болни лица, во споредба со претходните избори не е драстично променет. Правото на глас денеска ќе го остварат 67 затвореници од Општина Штип, кои се наоѓаат во петте Казнено поправни домови на територијата на државата, како и две жителки на Општина Штип, кои се наоѓаат во старечкиот дом во Прилеп.

Лаура Стојанова М-Нет