
Денес матичните лекари од цела држава излегоа на протест пред своите ординации. На фејсбук страната можеа да се забележат и слики од матични лекари од Штип кои се придружија на протестот на своите колеги од другите градови.
Матичните лекари протестираат, заради според нив игнорантскиот однос кон нив и непостоењето никаква поддршка од системот за матичните лекари, од почетокот на пандемијата до денеска.
Регираше министерството за здравство кое е изненадено од денешниот протест. Според министерството за здравство, матичните лекари не се игнорирани и наведуваат дека матичните лекари добиле медицинска заштитна опрема.