Двонасочен сообраќај или кос паркинг во Штип ќе се знае по изградбата на конзоли на река Отиња

Во првата половина од оваа тековна година треба да бидат завршени конзолите на река Отиња од градската црква Свети Никола до плоштадот „Слобода“. Во втората половина од 2023 година проектот ќе продолжи од плоштадот „Слобода“ до Основниот Суд со што се предвидува проширување на централното градско подрачје во Штип, а проектот ќе се реализира паралелно со уредувањето на коритото на река Отиња.

„Паралелно со реалзизацијата на овој проект ќе се продолжи со реализција на проектот на конзоли на река Отиња, низводно на река Отиња од двете страно. Еве, во тендерска постапка очекувам во наредните месеци да биде завршен потегот од црквата Свети Никола до плоштадот „Слобода“. Тоа се очекува да биде реализирано во првата половина од 2023 година, а во втората половина да се направи потегот од училиштето „Ванчо Прќе“ до Основиот Суд во Штип“ – вели Јорданов.

Двонасочен сообраќај на улиците „Маршал Тито“ и „Васил Главинов“ или план за косо паркирање на возилата ќе се знае по завршување на проектот конзоли на река Отиња како и новиот Генерален урбанистички план.

„Значително ќе се промени изгледот во централното градско подрачје, ќе дојде до проширување на главните сообраќајници „Маршал Тито“ и „Васил Главинов“ и веќе со новиот ГУП ќе може да предвидеме или двонасочен сообраќај или косо паркирање со што во центарот ќе се ослободат повеќе паркинг места за сите учесници во сообраќајот. “ – додава Јорданов.

Проектот за изградба на конозоли на река Отиња започна пред речиси две години, а е завршен на потегот од црквата Свети Никола до гимназијата „Славчо Стојменски“. Со овој проект се предвидува целосно проширување на централното градско подрачје во Штип како и можност делумно да се реши проблемот со паркинг местата во градот.

Ребека Спасова М-Нет