
Два нови мултифункционални апарати доби одделението за физикална терапија при КБ Штип. Станува збор за апарати со помош на кои ќе се заврза работата и ќе се намлат гужвите. Во Источна Македонија овој оддел има најголем број на пациенти.
„Најмодерни апарати со кои го интегриравме системот на работа кај нас. Со овој кабински систем на работа секој пациент ќе биде услужен на едно место. Со самото тоа ќе се намалат гужвите и чекањата во Физикална терапија. Со интегрирањето на новиот систем се надеваме дека ќе можеме да услужиме повеќе пациенти и да имаме поквалитетна здравствена услуга.“ – вели Костадинов.
Во меѓувреме на одделот за физикална терапија се поправи лифотот, а во најава е и реконструкција на просторот.
„Инфраструктурно се надеваме дека наредната година ќе почнеме со реконструкција. Имаме најава за целиосна реконструкција на хидротерапевтскиот дел со воведување на нови кади и туш кабини. Исто така очекуваме наредната година да започнеме со модернизирање на болничките соби. Во претходниот период добивме нов лифт.“ – додава Костадинов.
Во моментот на одделението за Физикална терапија има околу 30 вработени, а во наредниот период треба да се вработат физиотерапевти.
Лаура Стојанова М-Нет