Двајца членови од штипски бенд повредени, едниот во Бугарија, другиот чека трансфер

Двајца членови на штипски бенд, повредени во трагедијата во Кочани. Едниот на лекување во Бугарија, за другиот се чека трансфер во некоја од соседните држави за дополнителна медицинска грижа. Имено станува збор за Александар Авукатов и Дарко Спировски, кој заедно со својот бенд настапувале во локален кафич во Кочани, а по настанот отишле во дисоктетката со цел да ги поддржат своите колеги, кои таа вечер насапуваа во дискотеката. За жал тие се нашле во несреќата со што двајцата се здобиваат со повредни. Пејачката Марија Данева на својот фејсбук профил истакна дека таа и уште еден нејзин колега се добро и од нивна страна упатија големо сочувство до семејствата на загинатите и силни молитви до оние кои што сеуште се борат за живот. Информираат дека трагедијата ги потресе длабоко со што посочуваат лугето да се чуваат и ценат, бидејки животот е непредвидлив, а секој момент со најбислките бесценет.

Иван Митев, М-Нет