
Да не се користат петарди и други пиротехнички средства за Нова Година, Министерството за внатрешни работи со апел до граѓаните да бидат внимателни и безбедни. Се поделија и летоци преку кои граѓаните може да ги видат последиците од уптребата на петарди сега пред празниците.
МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.“ – велат од министерството.
Против употребата на петарди се и граѓаните на терен во Штип. Повозрасните акнетирани децидни дека паметат како употребата на петарди има страшни последици врз луѓето.
„Не треба, значи тоа е забрането и не треба ниту да се продава ниту да се купува. Може да има последици по рацете, по нозете, по очите.
Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:
Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;
Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.
Лаура Стојанова М- Нет