Да не избрзуваме со обвинувања или етикетирања: за Алијансата за Албанците ситуацијата во Гостивар се стабилизира, порачуваат да се зачува смиреноста

Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација.

Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори.

„Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, разумност и соработка сè до завршувањето на сите анализи и соодветни постапки.

Не треба да избрзуваме со судови, етикетирања или обвинувања пред да заврши професионалната работа на институциите. Воедно, повикуваме да престане навредливиот и разединувачки говор, бидејќи јавното здравје треба да нè обединува, а не да се користи за политички пресметки“.

Според оваа партија, кризниот штаб ги извршува своите задачи, додека градоначалникот на Општина Гостивар ги ставил на располагање сите општински капацитети за управување со ситуацијата и за помош на граѓаните.

2Исто така, вклучувањето и поддршката од Владата и централните институции се важни и добредојдени.

Единствен приоритет треба да остане заштитата на здравјето на граѓаните, редовното и транспарентно информирање и што побрзото враќање на ситуацијата во нормала“.

Текстот Да не избрзуваме со обвинувања или етикетирања: за Алијансата за Албанците ситуацијата во Гостивар се стабилизира, порачуваат да се зачува смиреноста е превземен од МАКФАКС.