
Второлигашот Детонит Плачковица доби нов тренер на голмани, се работи за штипјанецот Дарко Денков кој денес го имаше своето деби со радовишкиот тим.
Мрежата на радовишани денес беше чиста, откако Детонит Плачковица славеше со минимални 1:0 против Слога Виница, со голот на Сашо Дуков.
„Започнав ново поглавје како тренер на голманите во ФК Детонит Плачковица од Радовиш. Денес на моето деби, на натпреварот против екипата на Слога Виница, целиот тим и управата ми посакаа добредојде со победа. Голема чест е да бидам дел од овој клуб и со нетрпение очекувам заедно да постигнеме уште многу успеси“, вели Денков.
Радовишани на стартот од новата сезона имаат две победи и еден пораз.
Александар Ванев, М-Нет