Даниел Стојановски повеќе не е тренер на Борец, велешани ќе добијат дури трет тренер!

ФОТО: ФК Борец

Борец е во длабока резултатска криза и со пет бодови се наоѓа на претпоследното место на табелата кое води кон директно испаѓање во Трета лига.

Вчера Борец загуби од Вардар Неготино со 1:2, а тоа се рефлектираше со спогодбена разделба на тренерот Даниел Стојановски и клубот, од каде му се заблагодарија за досегашната соработка.

Откако Стојановски го превзема Борец кој имаше нула бодови на своето конто, младиот стратег запиша една победа и две ремија и собра пет бодови.

Во следното коло Борец на домашен терен ќе игра против апсолутниот фаворит Македонија ЃП!

Александар Ванев, М-Нет