Дали шишето ладна вода од фрижидер е спас или шок за организмот во летото?

Дали шише ладна вода од фрижидер навистина разладува или му прави дополнителен шок на организмот? На високите температури, многумина штом ќе се вратат дома испотени од работа или по подолго изложување на сонце, веднаш посегнуваат по шише ладна вода од фрижидер, а неретко додаваат и мраз, убедени дека така најбрзо ќе се освежат. Но, штипските лекари велат дека оваа навика не е секогаш најдобриот избор. Наместо ледена, советуваат да се пие вода на собна температура, бидејќи така организмот полесно се хидрира.

,,Тоа е многу погрешно затоа што во летниот период треба да консумираме топло, дури и млако, затоа што ние сме изложени на да речеме 38 степени, значи организамот може би ако се во кола да постигне и поголема. Знаете кога на врело ќе додадете ладно што се случува, значи организмот троши од сопствената енергија за да ја стопли водата на телесната температура. Сето тоа прави непријатно. Сите знаеме дека потоа повеќе се потиме ни станува потопло. За да разладиме и правилно да хидратираме и да го добиеме оној правилен внес на течности на организмот, да се задоволат нашите клетки со потреби, треба да биде на собна температура. Само со вода да се хидратира, бидејќи наглиот пад на температурата може да направи и несакани последици.“, потенцира Митрова

Во многу земји, особено во потоплите предели, наместо ледена вода, луѓето пијат млак чај и топли напитоци. Но, дали оваа навика е добра и за нас?

,,Па нека да се напарави. Значи ние како поднебје не сме навикнати на тоа, меѓутоа сето она да се направи на некоја собна температура. Може би не врел чај, меѓутоа.“, додава Митрова

Лекарите и натаму советуваат во текот на летото да се пие вода на собна температура, со цел организмот полесно да се хидрира. Освен правилниот внес на течности, важно е да се избегнува непотребно излегување во најтоплиот дел од денот и подолго изложување на сонце.

Иван Митев, М-Нет