Дали се почитува Законот за реонизација при упис на првачињата во Штип?

Првачињата да се запишуваат во најблиското основно училиште вели Законот, но праксата на терен покажува нешто поразлично. Од најразлични причини децата честопати се преместуваа од едно во друго основно училиште со што не се почитуваше Законот за реонизација. Од Општина Штип посочуваат на потребата родителите да го почитуваат Законот, а тоа го налага и Народниот правобранител.

„Согласно Законот за реонизација директорите, а секако и родителите треба да ги запишуваат децата во училиштата каде што живеат, значи во најблиските училишта и овој Закон треба да се почитува. Имаме насоки и од Народниот правобранител за да се избегне сегрегацијата, односно создавање на чисто Ромски паралелки во СОУ „Гоце Делчев“ неопходно е учениците да се запишуваат во реонот во кој живеат“ – кажа Санева.

Од општината апелираат на почитување на Законот за реонзција и дечињата да се запишуваат во најблиското основно училиште. Во Штип според информациите од СВР Штип во прво одделение треба да се запишат 640 дечиња, што преставува солидна бројка. Првиот уписен рок е до 31 мај, вториот до 31 август со што на почетокот на учебната година ќе се знае колку првачиња се запишале во основните училишта во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет