
Грозјето годинава најверојатно ќе стаса за берба уште од 15 август, тврдат лозарите од штипско, радовишко и неготинско. Велат дека причините се високите температури, но и сушата со која повторно се соочуваат лозјата. Според нив, годината е слична како и минатата , малку дожд и многу топли денови, додавајки дека се ќе зависи од тоа какво ќе биде времето во следниот период. Лозарите велат дека работеле од почетокот на годината, од кроењето во февруари, па до прскањето и последната обработката, но сега останува да се види каков ќе биде родот. Неизвесна е и цената на грозјето, која ќе зависи од квалитетот.
Најголем дел од грозјето, лозарите го продаваат на откупувачи и винарии, но дел од нив и понатаму го преработуваат дома. Од грозјето прават домашно вино, ракија, а традицијата ја продолжуваат и преку подготовка на маџун.
Сега останува да се види што ќе донесе времето до бербата. Лозарите велат дека вложиле многу, а се надеваат дека годинава грозјето ќе им го врати трудот.
Иван Митев, М-Нет