
Штип и денес дише загаден воздух, ординациите на матичните лекари продолжуваат да се плолнат, како и одделенијата по болниците. Грипот и ковид пандемијата која сѐ уште е присутна заеднички придонесуваат за граѓаните да имаат горнореспираторни болести и да бараат лекарска помош.
„Во моментот се горнореспираторните болести, вплеткани се грипот и ковидот. Над 90% од посетеноста се од горнореспираторни болести, кашлица, малаксанот, температура. Еден апел да не се трча веднаш по ординации ако имаме благи симптоми“ – вели доктор Митрова.
Зголемен е бројот на хоспиталиизрани деца на Детското одделение при Клиничка болница Штип. Од таму велат дека ова е вообичаено за овој период од годината, бидејќи е период на грипови и децата се доста погодени. Но, истакнуваат дека нема проблем со слободни места и се справуваат со ситуацијата. Речиси идентична е ситуацијата и во Здравствениот дом во Делчево. Во првите пет дена од новата година од прегледани 120 пациенти, дури 70 се со сезонски вирусни инфексии на горни и долни дишни патишта или стомачни вируси. Дел од пацинетите се со ковид вирусот. Благо зголемување на бројот на пациенти има и во Македонска Каменица, ама како што потенцираше директорот на Здравствениот дом во Делчево ситуацијата не е алармантна.
Лекарите советуваат граѓаните да останат дома и да не се меѓаат контакти за вирусот да не се шири.
„Еден голем апел ако имаме некои симптоми да не се мешаме, да не посетуваме слави, знаеме дека е период на празници, но со ваква совесност ќе ги избегнеме компликациите, лично свои, но и да не ја шириме инфекцијата на сите останати. Слави, прослави и празници ќе има многу, но ако нашето здравје го загрозиме тогаш нема да има назад“ – додава доктор Митрова.
Добра околност е што децата се на зимски распуст па не се шири грипот во училниците меѓу учениците. Бројката на пациенти кои побарале лекарска помош во Штип варира од ден на ден, загадениот воздух придонесува дополнително за тоа па лекари апелираат без потреба да не се излегува на отворено.
Лаура Стојанова М-Нет