
Уште двесетина дена остануваат до крајот на годината и законскиот рок за исплата на регрес за годишен одмор на вработените. Грѓаните на терен во Штип со нетрпение го очекуваат регресот за да ги поминат празниците на соодветен начин. Велат дека тие пари се добредојдени за да се купи нешто, да се дополни трпезата.
И додека од една страна граѓаните чекаат К- 15, од друга страна почнаа и пријавите во Гласен текстилец Штип за неисплата на истото. Претседателката, Кристина Ампева посочува дека проблем се колективните договори, но онаму каде имаат синдикални членови се дејствува за вработените да го добијат заслужениот регрес за годишен одмор.
„Почнуваат пријавите но повторно ќе речам останува проблемот со колективниот договор потпишан од страна на организација на работодавачи и ССНМ. Ако фирмата е во деловни потешкотии може да се исплати помала сума, помалата сума може да биде и 100 денари. За таму кадешто имаме синдикат можам да кажам дека некаде направивме да биде исплатата од к 15 некаде и 20 000 денари. За останатите фирми кои не се наши членови морам да кажам дека работодавачот не смее да исплати к-15 во помал износ доколку нема потпишани спогодби од работниците. Битна е консултацијата, постапката на консултација пред исплатата на К-15.“ – вели Ампева.
До крајот на декември К- 15 треба да добијат и вработените во образованите институции.
Претходно пак, дел од фирмите пријавуваа загуби и не исплаќаа к-15 на своите вработени, или пак исплаќаа многу помали износи од предвиденото.
Лаура Стојанова, М-Нет