
Тековни активности за асфалтирање на улици и сообраќајници, уредување на јавни површини, торотари, рехабилитација на амортизирани патни правци се потребите на граѓаните како проекти кои треба да бидат дел од Буџетот за наредната година. Форумските сесии завршија, а Буџетот на Општина Штип треба да биде усвоен во понеделник на 29 декември.
„Ќе влезат низа на микро проекти, јас би ги ставил во групата на проекти за тековно одржување, рехабилитација на низа амортизирани патни правци, сообраќајници, уредување на тротоарски површини. Активности ќе има во секоја населба, вклучувајќи ги потребите на граѓани кои на изминатите форумски средби ги презентираа нивните замисли, идеи, согласно приоритетите.“ – вели Јорданов.
Со блок дотациите Буџетот би бил над две милијарди денари, со што се овозможува да се работи на приоритети предложени од граѓаните, меѓутоа и на капитални проекти на општината.
„Изнесува нешто повеќе од една милијарда денари. Дополнително Буџетот со блок дотациите е нешто повеќе од две милијарди денари, што ја покажува тенеденцијата на општината да го зголемува Буџетот, а со тоа да се зголемуваат и капиталните инвестиции. Јас сум оптимист и задоволен како е планиран Буџетот за 2026 година“ – вели Јорданов.
Наредната 2026 година се очекува поголема реализација на проекти вели Јорданов, вклучувајќи ги овде обиколницата, продолжување на булеварот Гоце Делчев, реставрација на тврдината Исар, изградба на паркот Иднина, имплементација на СКАДА системот и слично.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет