
Продолжување на булеварот Партизнска во Штип е проект кој е најавен од страна на наделжните во општината и претставува еден од приоритетните проекти за градот, заедно со изградбата на конзоли на река Отиња. Проектот опфаќа проширување на сегашниот пат кој ги поврзува населбите Осми ноември и Баби во Штип и негово уредување како булевар. Според првиот човек на градот Иван Јорданов, патот во ваква состојба е небезбеден за граѓаните, а за негова реконструкција и проширување општината планира да земе заем и да го заврши истиот. Ваквата иницијата ја поддржуваат и дел од граѓаните од населба Осми номеври. Анкетираните велат дека редно е по 40 години да се реконструира овој пат и да биде булевар.
Улицата Партизанска е главен градски пат во должина од 1800 метри. Според ДУП овој пат е класифициран како магистрален пат и е дел од регионалниот пат и истиот е планиран да биде булевар по целата своја должина. Во 1994 година е завршена изградбата на билеварот во должина од 800метри од автобуската станица до крстосницата со Боро Арсов.
Постојната делница на патот нема дренажа на атмосферските води ниту пешачки патеки и претставуватесно грло на сообраќајот во овој дел од градот. Изградбата на булеварот Партизанска согласно сите стандарди за изградба ќе овозможи полесен и зголеме проток на стоки и услуги во и од градот и затоа преставува еден од приоритетните проекти.
Лаура Стојанова М-Нет