
„Упатувам искрени честитки до моите сограѓани, припадници на влашката заедница, по повод 23 мај – Националниот ден на Власите, со искрени желби за ваш личен успех.
Сите заеднички сме заслужни и даваме несебичен придонес за градење на заедништвото и меѓусебната почит во ова наше мултикултурно и мултиетничко општество.
Вие, како и сите други етнички заедници со вашите култури и традиции го создавате епитетот на Штип – центар на истокот и репер за многу општини во државата.
Во моменти кога нашите сили се насочени единствено кон справување со оваа пандемија, заеднички да си посакаме многу здравје, среќа и успеси.
Имајте убави празнични моменти, поминати во семеен амбиент,“ – стои во честитката од градоначалникот Бочварски.