Градежен работник од Злетово загина на работно место

Вчера околу пладне при изведување на градежни работи во фабрика во Пробиштип бил повреден М.С.(63) од село Злетово и од здобиените повреди починал. Увид за настанот изврши увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот предадено за обдукција.

За четири дена, ова е втора трагедија од ваков вид во регионот. Во понеделникот при работа во каменолом во близина на Штип, загина 52 годишниот Љ.А. од Штип.

Славица Величковска