
Во второто издание од спортскиот магазин „Трибина“ на телевизија М Нет гостуваше светскиот бодибилдер Стефан Горгиев од Штип.
Со Горгиев разговаравме за неговата кариера и патот до шампионскиот пат. Вели дека овој спорт е скап и треба многу финансии.
Горгиев вели дека патот до неговиот успех бил многу тежок, кога се преселил во Германија започнал со учење на јазикот, а паралелно бил посветен и на спортот.
22-годишниот штипјанец упати и порака до младите да бидат посветени на спортот.
Горгиев останува посветен на овој спорт, а во иднина неговата цел ќе биде да земе учество и на „Мистер Олимпија“.
Александар Ванев, М-Нет