
Голема раздвиженост уште рано утринава на градскиот пазар во Штип, ама и огромна разочараност кај купувачите оти цените како што велат се високи до плафон. Изгор скап пазарот, додаваат па со ниските примања зимница ќе се прави само за проба.
„Пазарот е снабден со сите производи, ама се осеќа дека граѓаните немаат пари. Па скапо е, патлиџаните се 50 денари, ракијата 250 денари.“ – велат купувачите.
Дека цените на производите се високи согласни се и произведувачите на овошје и зеленчук. Ама велат согласно трошоците овие цени се реални. За граѓаните е скапо оти немаат големи примања па не може да купат доволно производи ниту за исхрана ниту пак доволно за зимница.
„Има народ, спрема времето народ има доволно, а покасно очекуваме повеќе. Сега најмногу се бара пипер, патлиџан. Има производство, ама за жал народ нема како порано. Граѓаните немаат пари, а тоа се гледа и преку инфлацијата“ – велат продавачите.
И денеска на пазарот во Кочани најмногу се бараа ајварскиот пипер, корнишоните, пиепрот – односно производите за зимница како и сезонското овошје.
Лаура Стојанова М-Нет