ГОЛЕМА РАДОСТ: Штип УГД го освои вториот сет 2-0 против Кол Ил

Штипјани го освоија вториот сет со 25:23 и имаат 2-0 во сетови против Кол Ил, и голем чекор напред кон победата потреба од 3-0 или 3-1 за обезбедување на златен сет.

Вториот сет беше сосема поинаку пред се борбен од Норвежаните кои наметнуваа свое темпо за да може да направат посериозна поен разлика. Најмногу борба имаше за поенот со кој Кол Ил поведе со 3:4.

Но, Штип УГД направи одлична серија од три поени во низа за водство од 6:4, а веднаш и 7:4 со поен на Задмард, а тоа го натера хрватскиот стратег да бара нов тајм-аут за консолидација на играта на Кол Ил.

Штип УГД во текот на вториот сет ја одржуваше резултатската предност и имаше нови плус три при 11:8, а потоа македонскиот клуб направи и плус четири на 12:8, но Норвежаните не дозволуваа да се одлепи противникот откако направија фантастична серија од четири поени во низа за 12:12. Веднаш реагираше македонскиот стратег Кристиан Ристески кој побара тајм-аут откако увиде дека неговиот тим брзо ја загуби предноста од четири поени во вториот сет.

Норвешкиот тим ја продолжи серијата на поени од пет во низа за 12:13, но врати Штип УГД на 13:13. Кол Ил беше одличен во вториот сет откако стигна до плус три предност за 14:17.

ФОТО: М Нет

Продолжението од сетот донесе многу борба за секој поен, а кога Штип УГД дојде на 20:20 ја крена цела публика на нозе. Салата во Радовиш беше исполнета до последното седиште, а Штип УГД бараше поен за водство, но противникот го зеде истиот и поведе со 20:21. Следуваше пресврт 22:21, публиката со аплаузи и поддршка, а Штип УГД со 23:21 и тајм-аут за Норвежаните.

Штипскиот тим го доби вториот сет со 25:23 за 2-0 во сетови.

Александар Ванев, М-Нет