
Голема гужва денеска на пазарот во Штип, граѓаните го искористија неработниот петок за пазар. И овој петок се полнеа торбите со домашни прозиводи, како домат, краставица, пипер, а од денеска и со свежи хрватски мандарини. Дополнително се купуваше по неколку страга праз, колку за поба. Велат цените се реални, а квалитет има.
Произвоиделите од штипскиот пазар, велат дека квалитетот реално не е ист како лето и истиот е по слаб кога е во прашање есента и доагањето на зимата. Единствен производ кој денеска држеше цена според нив е карфиолот кој се продаваше по 200 денари за килограм.
Овој петок дополнително се купуваше и калинката, јаболкото, кивата. Се продаваше домашен мед, свежи јајца, плетени домашни чорапи, значини, изобилство на чаеви, а се продаваше и низи нижен пипер.
Иван Митев, М-Нет