Голема акција за чистење кај Мирјанина црква, денес спроведе ЈП „Исар“, пред празникот Томина недела

Голема акција за чистење на отпадот на потегот до Мирјанина црква денеска спроведе ЈП „Исар“, во пресрет на празникот Томина недела, кога овој дел од градот традиционално го посетуваат поголем број граѓани. Во акцијата активно се вклучија и вработените од административната служба, кои заедно со теренските екипи работеа на расчистување на просторот.

Од претпријатието информираат дека ваквите активности се дел од редовната програма за одржување на јавната хигиена, но и засилени во периоди кога се очекува зголемена фреквенција на граѓани. Целта е просторот да биде чист, безбеден и достоен за посетителите за време на празничните денови.

„Со заеднички ангажман беше извршено темелно расчистување на просторот, со цел подобрување на хигиената и зачувување на убавината на ова значајно место.

Апелираме до сите граѓани да покажат одговорност и да придонесат кон одржување на чиста и уредена животна средина.

Чистата околина е заедничка обврска!“, велат од ЈП Исар

Од ЈП „Исар“ најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со слични акции низ градот, со цел создавање почиста и поуредена средина за сите граѓани. Воедно, апелираат до граѓаните да ја одржуваат хигиената и да не оставаат отпад на јавни површини. Само со заедничка грижа и одговорност, како што велат од претпријатието може да се зачува чиста и уредена животна средина.

Иван Митев, М-Нет