
Конфекцијата „Валтекс“ од Кочани веќе два дена не работи, а доцни и со платите на работниците. Поради тоа од Гласен текстилец се сомневаат дека нема да се исплатат платите, а фирмата ќе биде затворена преку ликвидација/банкрот. Од таму посочија одговорност кон надлежниот инспекторат и УЈП да излезат на терен.
„Во моментот преку писмено барање ги известуваме Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи. Затоа бараме надлежниот инспекторат и Управата за јавни приходи да излезат на терен и констатираат прекршување на правата на работниците и се забрани изнесување на машините од страна на сопственикот или било какво згаснување на фирмата без да бидат исплатени платите на работниците.“ – стои во објавата на Гласен текстилец со која велат дека ги известуваат работниците во врска со преземените дејствија од страна на Гласен текстилец.
Ребека Спасова М-Нет