
Второлигашот Новаци продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое пристига во тимот на штипскиот стратег Иван Варадиновски е штипјанецот Мартин Димоски – Робен.
35-годишниот фудбалер во Новаци доаѓа од редовите на штипска Брегалница, клуб со кој во минатата сезона стана шампион во Втора лига и обезбеди пласман во Прва лига.
Низ неговата кариера покрај за Брегалница, настапуваше и за Каменица Саса, Вардар Неготино, Силекс, Кит Го од Пехчево, Детонит Плачковица, како и за некогашниот второлигаш Баби.
Претходно тимот на Новаци промовираше четири засилување – Кирил Стојков, Петар Гугуљанов, Андреј Сиљаноски и Стефан Спировски. Тимот на Варадиновски новата сезона ја отвара против Охрид во гости, а овие две екипи веќе одиграа и еден пријателски меч, кој го доби составот на Охрид со минимални 1:0.
Александар Ванев, М-Нет