
Екипата на Детонит Плачковица од Радовиш договори три нови млади фудбалери за новата сезона во Втората лига.
Се работи за Валентин Блажески, Мартин Шаренковски и Мартин Пивковски.
19-годишниот Блажески во Детонит Плачковица доаѓа од редовите на Њу Старс.
Пивковски кој е лев бек има 20 години, доаѓа од Брера Струмица, а со него доаѓа и 18-годишниот Шаренковски кој настапува во средниот ред.
Радовишани сезоната ја отвараат против Големо Коњари во гости.
Александар Ванев, М-Нет