Вториот Шест членото семејство Грозданово од Кочани со помош на институциите го реши станбеното прашање

Решено е станбеното прашање на кочанското семејство Грозданови. Даниел Грозданов со неговата сопруга и четири дечиња од јануари годинава добија топол дом во социјалната зграда во Кочани. Нивниот живот во субстандардни услови, во старата куќа од неговиот прадедо, која може во секој момент да падне е минато. Платата на Даниел и надоместокот за трето детете се единствените приходи за ова шест члено семејство.

„Голема благодарност до министерот и до директорот што ми овозможија да се сместам во социјалната зграда. Работа да во фирма Јумис Доел во село Тркање. Мојата сопруга е невработена“

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека кога бил информиран за состојбата на семејството Грозданови од Кочани веднаш иницирал ова семејство да добие дом.

„Навистина пристапивме брзо во разрешување на оваа ситуација и некаде во месец јануари беше доделен станот од Комисијата за станбени прашања при Влада на ова семејство, на коешто навистина во овој момент е потребно да се излезе во пресрет и секако да се подаде рака. Подавањето рака е секогаш потребно, ние сме социјална држава во којашто јас секогаш верувам во вредностите на падавање на рака и обезбедување на кров на глава на семејствата на коишто им е најпотребно.“

Во решавањето на стабеното прашање на шест членото семејство Грозданови беа вклучени повеќе институции, меѓу кои и Црвениот крст и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

„Зоран Георгиев дир на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, Ние како акционерско друштво стапивме одма во тесна соработка со Комисијата и со Центарот за социјални работи веднаш почнавме со прибирање на документите и помагање на ова семејство, за што поскоро да добие кров над глава. Тоа го успеавме, пред само два месеци ова семејство доби сопствен стан, во кој ќе продолжат да живеат и функционираат, онака какошто доликува на секое македонско семејство“

Со заедничка акција на институциите се помогне во решавање на најголемиот проблем на кочанското семејство Грозданови. Новиот нивен дом е во градот Кочани, со што се овозможува и децата непречено и секој ден да одат на училиште.