
Вработените од Основен, Апелационен Суд Штип, од Основно и Вишо јавно обвинителство денеска излегоа на мирен протест пред Судот во Штип. Со покачување на минималната плата на 18 илјади денари тие бараат да платите да растат скалесто, за секој да го добие својот заслужен дел. Денеска протестот се одржа од 10 до 12 часот, а за истиот временски период е закажан и за утре.
„Барањата ни се во однос на минималната плата. Како прво Јавните обвинителства овој месец земавме плата по старо, значи без минимална плата од 18 илјади денари што створи огромен револт кај вработените и затоа се протестира во сите градови. Како второ доколку се остане вака ќе дојде до изедначување на платите, да речеме еден стручен соработник ќе се израмни со референтите, што навистина не е во ред“ – кажа Илијева.
Вработените бараат покачување на сите плати за 2.806 денари. За денешните два часа протест упатија јавно извинување до сите граѓани кои морале да се вратат назад, додавајќи дека работата моеже да се заврпи пред 10 или по 12 часот.
Доколку не им се излезе во пресрет на барањата дополнително ќе се одлучи дали и наредната недела четврток и петок ќе се протестира, или можеби ќе се излезе на улица, додава Илијева. Засега останува само закажаниот протест за утре.
Лаура Стојанова М-Нет