
Вкупно 49 боксери денеска се дел од второто коло на Боксерската лига на Македонија. Борбите се одржуваат во салата на основното училиште „Тошо Арсов“, каде боксерите се натпреваруваат во четири возрасни категории. Техничкиот делегат на колото, Петре Неделковски, посочува дека се надеваат оти сѐ ќе помине во најдобар ред.
„Денес во Штип ќе се одржи второто коло на Боксерската лига на Македонија. Учество земаат четири возрасни категории: деца, кадети, јуниори и сениори. Имаме вкупно 19 клуба од цела Македонија и 49 пријавени боксери. Сите категории имаат по четири борби. Второто коло се одржува во основното училиште „Тошо Арсов“, се надеваме дека сѐ ќе биде во ред, гледам дека боксерите се желни за бокс, се надевам дека сѐ ќе помине во најдобар ред“, вели Петре Неделковски, технички делегат на колото.
Првото коло од Првата младинска лига во бокс се одржа минатиот викенд во Тетово. Во првото коло на програмата имаше 14 борби, а од таму со победа се врати и младиот штипјанец Влатко Василевски кој е член на клубот „Баргала“.
Ребека Спасова М-Нет