Во Штип живеат генијалци со над 90 годишна возраст, тие се сведоци за историјата на градот

Живот над 90 годишна возраст е речиси не замислив, но во поднебјето на Штип се среќаваат и ваквите гнијалци. Тие велат дека Божјата милост да живеат толку е одраз на нивната долгогодишна старост, но според некој и здравиот начин на живот и квалитетен сон, кој доведуваат до здрав организам.

Оние кои што сеуште не ја надминале 90 тата, велат дека многу е важно да се исфрли алкохолот и лошие начини на живот и работа преку ноќ и целото нешто да се замени со активност и едукација.

Инаку, во Штип има повеќе бројни пензионери кои што ја надминуваат 90 сетата и се сеуште активни. Тие за младите може би не се од важност, но за историјата и културата и тоа како, затоа што во нивните длабоки сеќавања може да се воочи секое минато, како за градот, така и државата.

Лаура Стојанова, М-Нет