Фаворитот Слога Виница домаќин на новајлијата Светлост од Зрновци, Брегалница во Делчево го пречекува Ударник

Утре ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, во коло каде фаворитот Слога Виница го пречека новиот третолигаш Светлост од Зрновци, кој минатата сезона стана шампион во ОФЛ Кочани.

Поранешниот второлигаш кој е предводен од Емил Грнев ќе биде апсолутен фаворит за трите бодови, а пак Светлост оди по изненадување на тешкиот терен во Виница.

Брегалница на домашен терен во Делчево ќе се соочи против Ударник од Пирава во меч каде домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит. Брегалница сака трет сезонска триумф и нови три бодови со кои може да направи прогрес на табелата, а пак Ударник сака триумф и нови три бодови со цел да го поправи лошиот впечаток од стартот на сезоната.

Во Струмица ќе се соочат екипите на Тиверија и Дојранско Езеро каде струмичани ќе бидат фаворити за трите бодови, а пак во Свети Николе ќе се одигра неизвесен дуел на Овче Поле и Хоризонт Турново.

Овче Поле игра одлично во новата сезона и парира во трката со лидерот Слога Виница, а пак поранешниот прволигаш ќе сака три бодови во Свети Николе и враќање на победничките патеки, откако беше поразен во претходното коло од Слога Виница.

Малеш на домашен терен против Карбици ќе ја бара првата победа во новата сезона и со тоа да избега од дното на табелата, а пак гостинот во Берово оди само по три бодови.

Натпреврите ќе стартуваат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет