Во четврток, петок и сабота ќе се организира саем на пчелни производи, настанот е на штипскиот плоштад

Во четврток, петок и сабота, 15 пчелари ќе организираат саем за пчелни производи на плоштадот Слобода во Штип. На истиот ќе има претставници од градот и околината со свои пчелни производи како мед, полен, прополис и матичен млеч. Пчеларите на М-нет телевизија истакнаа дека ваквиот саем е од голема важност за нив и топло ги поканија сите заинтересира граѓани да повелат на истиот.

“Како претставници на пчеларското здружение Пчелар 2014 Штип, ние сакаме да ја известиме јавноста дека ќе организираме саем на пчелни производи во четврток, петок и сабота, односно на седми, осми и девети на плоштадот во Штип. Ќе имаме претставници на штипските медари, но и од другите градови за презентација на пчелните производи. Исто така сакаме да најавиме дека во сабота ќе имаме и изложувачи на опрема еден од Штип, еден од Берово.“, велат пчеларите

Производите се 100 проценти чисти и природни и нема да ги ставиме потрошувачите во заблуда, додаваат производителите

“Ќе имаме мед, полен, прополис, матичен млеч и сакаме да ја информираме јавноста дека треба да купува мед од пчелари, а на настанот ќе бидеме сите пчелари и гарантираме ќе бидеме со 100 проценти оригинален мед, нема да има малверазија, нема да ги ставаме потрошувачите во заблуда, а ќе бидеме некаде околу 15 изведувачи. Отворањето ќе биде во 10 часот.“, истакнаа пчеларите

Инаку, ваквиот настан за последен пат беше организиран во 2018, а поради ковид пандемијата и други оправдани причини во последните години овој саем згасна. Целта на овогодинешнотото изложување на пчелните производи е да продолжи ваквата традиција со основната идеја користење на природните придобивки.

Лаура Стојанова, М-Нет