
Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се решава кој ќе биде новиот шампион во македонскиот ракомет односно во Суперлигата. Вардар против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во директна дерби пресметка.
Вардар не треба да загуби на домашен терен и пред верните „Комити“ со цел да се врати на шампионскиот трон, а пак битолачни ќе треба да триумифраат.
Шампионот потоа ќе бара и влез во Лигата на шампионите за следната сезона преку „валјд-карта“.
Вардар го декласираше Тиквеш со убедливи 22:32 и сега ќе го чека одлучувакиот меч со Еурофарм Пелистер.
Важен дуел ќе се игра и меѓу Охрид и Тиквеш за четврото место за Европа, меч кој ќе се игра во „Билјанини Извори“.
Александар Ванев, М-Нет