Во среда започнува судењето на 74 годишниот штипјанец, кој од љубомора со нож уби и закопа 79 годишна жена

Во среда започнува судењето на 74 годишниот штипјанец, кој од љубомора со нож уби и закопа 79 годишна жена. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот. Полицијата истрагата ја започнала откако 84-годишната сестра на жртвата ја пријавила за исчезната.

Инаку, во претходниот период штипскиот суд одлучуваше за неколку дела убиства. Едно од нив беше и убиството на плошѓтадот Слобода, каде турски државјанин беше осуден на 17 години казна затвор за убиство на друг турски државјанин, дел од неговите помагачи добија казна затвор по 5 години и уште едно лице кое доби казна затвор од 3 месеци. Штипскиот суд одлучуваше и за убиството на синот кој си ја уби сопствена мајка и доби казна доживотен затвор, додека седум години доби зетото кој ги нападна братот и родителите на неговат асопруга и сомниење за кривично дело убиство во обид. Во рок година и половина на територија на Општина Штип се случија четири убиства и еден обид за убиство.

Иван Митев, М-Нет