
Асфалтирање на улици во центарот на Кочани, оставрување на граѓаните од риско плалниските региони полесно да пристигнат до своите места во градот, подобрување на водоснабдувањето во градот се само дел од прокетите кои денеска ги презентираше градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во присуство на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„На улицата на која се наоѓаме работите се завршени и асфалтирана е пред три дена, бевме на посета на улицата Јордан Зафиров, сакам да го споменам асфалтирањето на потегот од месноста Крушка до Ајдар во должин од 800 метри и вредност од 6.800.000 денари со што овозможуваме пристап на луѓето од ридско планинскиот регион до своите објкети и имоти. Денес се работи на услицата Маршал Тито, создадени се услови за работа и асфалтирањето ќе следи во наредните денови“ – истакна Папазов.
На локално ниво во Кочани се работи, и во време на криза се инвестирани над милиони евра што зборува за фактот дека Локланата Власт го реализира ветеното, истакна денеска Мицкоски од Кочани.
„Ме радува фактот на Локално ниво тоа што беше ветено се испорачува, еве повеќе од милион евра се вложени пари во преокти во 2022 година од сопствени средства што во овие услови на енергетска криза навистина претставува огормен подвиг и јас им честитам. Реализацијата на проекти е 1.200.000 денари тоа се нови прокети реалиизрани во Кочани“ – кажа Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Кочани ќе ја има поддршката од ВМРО ДПМНЕ секогаш бидејќи реализираните проекти зборуваат дека се работи за доброто на градот и граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет