
Започна асфалтирањето на трите улици во Караорман, кој пред неколку дена беа подготвени со нанесување тампон. Активноста е во рамки на проектот „Штип без кал“, за кој активностите ќе продолжат сѐ додека дозволуваат временските услови и финансиските можности. Асфалтирање ќе има и на други улици во сите штипски населби, со цел жителите да не газат во кал и прашина.
Вкупната вредност за оваа инвестиција е во износ од 1,5 милиони денари, пари од буџетот на Општина Штип, односно пари на граѓаните. Вкупната површина која денес се асфалтира, а претходно беше тампонирана е околу илјада метри квадратни.
Ребека Спасова М-Нет