
Утре ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе имате ексклузивна можност да го проследите соочувањето на Осогово и Детонит Плачковица преку директен пренос од Кочани.
Соочување на две екипи кои промени тренери, Осогово со новиот тренер Горанчо Георгиев извлече голем бод на тешкото гостување во Штип против фаворитот Брегалница, а од друга страна Детонит Плачковица го доби Скопје на домашен терен со новиот тренер Горан Здравков.
Соочување на две екипи кои имаат единствена цел, освојување на трите бодови и прогрес на табелата.
Домашниот терен, домашната публика и поддршката од верната навивача група „Сејмени“ ќе бидат голема предност за Осогово во дуелот против радовишкиот тим.
Правдата во Кочани ќе ја дели Кирил Смоквоски од Прилеп, а преносот на М Нет телевизија ќе започне во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет