Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Тетекс, понеделник од 16:00 часот

Третата рунда од Втората македонска фудбалска лига ќе се затвори во понеделник со одложениот меч меѓу Брегалница и Тетекс, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип со почеток од 16 часот.

Овој натпревар ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија преку директен телевизиски пренос, а причината за одложување на натпреварот беше на барање на Тетекс поради настат на два фудбалери на тетовскиот клуб за репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Брегалница ќе биде фаворит на овој натпревар, има поквалитетен и поискусен тим, домашен терен и поддршка од домашната публика, а пак Тетекс во Штип доаѓа по изненадување и сигурено е дека и бод ќе биде позитивен исход за нив, а се очекува и поддршка и од верните навивачи за Тетекс.

Преносот на М Нет телевизија од Штип од мечот меѓу Брегалница и Тетекс започнува во 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет