
Дербито на 22. коло во Втора лига се игра во Штип, во вечерен термин под рефлектори од 18 часот ќе се соочат во директна пресметка конкурентите за Прва лига – Брегалница против лидерот Охрид.
Дерби меч кој ќе можете во живо да го следите на М Нет телевизија.
Ова е дуел на „сините“ и „рибарите“, дерби со голем влог, дерби кое многу работи може да ги промени за самиот тек од сезоната, а од кое дерби има многу математики и Втора лига да добие нов лидер на табелата.
Охрид е прв со 49 бодови, Брегалница е четврта со 46 бодови. Традицијата е на страната на Брегалница која доминира во меѓусебните дуелит со Охрид, а „рибарите“ чекаат 17 години на триумф над „сините“.
Домашниот терен и поддршката од верната „фаланга“ е повеќе од предност за Брегалница, а се очекува полн стадион бидејќи влезот е слободен.
Гледајте го дербито меѓу Брегалница и Охрид сабота од 18 часот на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет