Во ЖИВО на М Нет: Башкими – Македонија ЃП, недела од 16 часот

Второто коло од Втората лига ќе се комплетира во недела со натпреварот меѓу Башкими и ланскиот прволигаш Македонија ЃП, а овој меч ќе може да го следите во живо на телевизија М Нет со почеток од 16 часот.

Башкими со минимален триумф од 0:1 славеше над Борец во Велес, а за новата сезона второлигашот од Куманово има амбиции да ги напаѓа местата кои водат во Прва лига, од друга страна Македонија ЃП која лани испадна од елитата во новата сезона е главен кандидат за експресен кам-бек во Првата лига.

„Лавовите“ од Ѓорче со триумф од 2:0 над Охрид ја започнаа сезоната и тргнаа според посакуваното во нивната цел за експресно враќање.

Овој меч ќе биде повеќе од неизвесен, трите бодови се императив и за двете страни, Првата лига ја посакуваат и двете екипи, а борбата за трите бодови ќе биде од атрактивна за да ја проследите преку директен пренос од Куманово на телевизија М Нет, в недела од 16 часот.

Главен судија на мечот ќе биде Јован Качевски од Струга, негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Марио Мојсоски од Струга, а четврт судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид. Делегат на мечот ќе биде Зоран Јовановиќ од Валандово, а контролор Ѓорги Карајанов од Гевгелија.

Александар Ванев, М-Нет