Во Дојран одржан семинар за фудбалски судии, делегати и контролори во Трета лига – Исток

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Денес во Дојран се одржа еднодневен семинар за фудбалски судии, делегати и контролори во Третата македонска фудбалска лига – Исток, а пред стартот на новата натпреварувачка сезона 2024-2025.

Во првиот дел од семинарот фудбалски судии полагаа тестови, а потоа на Градскиот стадион во Дојран беа на тестови за физичка подготвеност. Стручно – едукативниот дел од семинарот започна со превање за правилата на фудбалската игра од страна на Марјан Кировски и Драган Стојановски.

Ваквите семинари имаат за цел за што подобра подготвеност на судиите, делегатите и контролорите.

Судиите успешно ги поминаа тестови и подготовени ќе влезат во новата сезона во Трета лига – Исток, која треба да започне на 15. септември со учество на десет екипи.

Александар Ванев, М-Нет