
И по две недели беровчани сѐ уште не можат да ја користат водат за пиење и готвење. Се чекаат новите анализи и испитувања за да се утврди присуството на манган во водата. Во меѓувреме граѓаните во Берово се снабдуваат со вода за пиење преку цистерни од Беровско езеро. Градоначалникот, Звонко Пеќевски вели дека распоредот е направен и повика на разбирање од страна на беровчани.
„За жал и по две недели водата се уште не се пие, сѐ уште не е за целосна употрееба. Се прават последните мерења да видиме што ќе покажат последните анализи. Водоснабдувањето оди со распоред кој е направен од страна на КЈП Услуга од Берово, редовно. Во перидите кога има пониски температури малку доцнат возилата со достава на пивка вода, но верувам дека граѓаните ќе имаат разбирање.“ – вели Пеќевски.
Последните анализи се во тек вели Пеќевски и се надева дека во најбрз рок проблемот со водоснабдувањето целосно ќе биде надминат, а беровчани ќе имаат чиста вода за пиење и готвење.
„Сега се носи вода од Берово. Имаме ние филтер станица која е од беровско езеро. Таму водата од анализи од АХВ е исправна и се носи во градот. Со самото тоа што водата не е за целосна употреба е товар на граѓаните. Се надевам дека за кратко време ќе се стабилизира водоснабдувањето“ – додава Пеќевски.
Водата за пиење во Берово е забранета за пиење и готвење од 13 номеври, откако се утврди дека има зголемено присуство на манган во истата. Најпрво граѓаните се снабдуваа со вода за пиење од Делчево, со цистерни кои беа обезбедени ос страна на КЈП Услуга Берово.
Лаура Стојанова М-Нет