
Намалена перцепцјата за иселување на младите од државата покажаа последните истражувања во публикацијата „Малди, миграции и образование“ од авторите Страшко Стојановски, Ана Панева и Кристијан Панев. Во самата публикација се опфатени младите, нивното иселување, но и што треба да се преземе за тие да останат да работат и да живеат дома.
„Се намалува перцепцијата за ислување, но се уште сме над регионалниот просек. Кога зборуваме регионален мислам на ниво на Југоисточна Европа. Беше до 78%, сега е околу 56% има тенденција на намалување, но 56% воопшто не е малку. Младите мора да се вклучат во процесот на донесување на одлуки.“ – вели Стојановски.
Публикацијата е работена во периодот од 2014 до 2023 година. Според универзитетскиот професор Кирил Барбареев, една од најголемите теми за нашата држава е изливот на мозоци, и тоа како тема е обработена од повеќе аспекти.
„Анализите покажуваат дека 60% од младите би останале во сопствената Локална средина ако имаат квалитетен концепт на образование и ако имаат квалитетни елементи за продолжување после образованието“ – вели Барбареев.
Во научната публикација се даваат и конкретни решенија и заклучоци на самите автори, како да се намали иселувањето на младите надвор од земјата.
Лаура Стојанова М-Нет