
Очајот на новата локална власт предводена од ДПМНЕ оди дотаму што се дрзнуваат да лажат и манипулираат за возилото во кое Јорданов превеше фото сесија, стоеше во писмената реакција од страна на ОО на СДСМ Штип, по вчерашната изјава од кабинетот на градоначалникот дека возилото во кое се сликаше Јорданов не е истото кое пред неколку години беше мета на критки., Од СДСм Штип велат дека лагата на Јорданов потона, но нема да дозволат да избега тој од вистината.
„ Тешко е да признае пред јавноста дека претходната локална власт предводена од СДСМ презеде редица чекори и проекти со кои реално се подобрија состојбите во јавните претпријатија како и условите за живот на штипјани, особено кога реализацијата на предизборни ветувања од новата локална власт е еднаква на нула. Го прашуваме градоначалникот Јорданов, колку возила за справување со наноси на снег со истата регистрација има во моментот во ЈП Стипион? Доколу возилото кое вчера излезе на терен не е она со кое располага јавното претпријатие, се поставува прашањето зошто покрај постоечките ресурси се користат други возила за оваа намена. Кои се условите под кои општината и ЈП „Стипион“ ги изнајмија останатите возила за чистењена снег, колку работи часови досега имале истите со оглед дека имавме снежна покривка од неколку сантиметри?“ – прашуваат од ОО на СДСМ Штип.
На овие прашања од кабинетот на градоначалникот истакнаа дека нема да одговорат.
Лаура Стојанова М-Нет