
Возат по 100 километри на час, улицата „Вардарска“ во Штип е повеќе од опасна – вели 95 годишниот Александар Димитров. Цел живот живее на оваа улица, но вели сега се вози многу брзо, па не можат ниту да ја поминат улицата. Под знак прашалник е ставена нивната, но и безбедноста на децата кои живеат во овој дел од градот. Уште поопасно е во вечерните часови, сведочи Димитров. Навечер се вози лудо, па мора да се преземат мерки и ова да се реши.
„Оваа улица скоро се направи и е добра. Ама не можеме да поминеме преку улицата. Возат по 100 километри на час. Станува збор за улицата Карл Маркс, не можеме да поминеме. Да видете колку брзо возат навечер.“ – вели Димитров.
Од полицијата велат дека се на терен и се преземаат сите соодветни мерки и се санкционираат сите возачи, учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во оваа прилика апелираат до сите граѓани да бидат внимателни и да ги почитуваат поставените сообраќајни правила и прописи, особено да внимаваат на пешаците.
Инаку, на улицата има поставено и така наречен „лежачки полицаец“ со цел возачите да ја намалат брината на движење и да не возат повеќе од дозволената брзина.
Лаура Стојанова М-Нет