
Граѓаните кои живеат на улица панче Караѓозов во Штип се уште газат по раскопана и не асфалтирана улица, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. И откако неколку пати беше одложено нејзиното завршување од таму со прашање до градоначалникот, доктор Сашко Николов дали одложувањето е намерно.
„Веќе во неколку наврати апелиравме и укажувавме дека ул. „Панче Караѓозов“ е потребно што побрзо да се асфатлтира, бидејќи граѓаните кои живеат на оваа улица повеќе од шест месеци газат по кал. Ги знаеме оправдувањата на градоначалникот и постојаните оправдувања на рокот за звршување на улицата. Доколку се сеќавате прво беше почетокот на јуни, па до крајот на август, а веќе сме месец септември и вашите камери може да забележат дека оваа улица уште е раскопана и воопшто не се работи на неа. Затоа денес јавно упатуваме едно прашање градоначалникот. Дали намерно се одложува завршувањето на оваа улица со цел таа да биде завршена на три четири дена пред Локалните избори и да се створи лажна перцепција кај штипјани дека оваа локална власт многу работи“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Градскиот татко не остана должен со одговор на пресот на ВМРО ДПМНЕ Штип, па им порача да бидат трпеливи уште два три дена, кога и впрочем ќе започнат активностите на оваа улица. Истовремено ја искористи приликата да им честита пораз на претстојните локални избори.
„Повторно сме сведоци на очајните пресови на ВМРО ДПМНЕ во пресрет на поразот кој што ќе го добијат на 17 октомври. Побегнаа на избори во декември, сега уште не почнати изборите со очајни пресови сакаат да девалвираат сето она што го правиме за нашите граѓани. Како што објаснив по не знам кој пат ќе кажам се заврши реконструирањето и изградбата на атмосферскиот канал и еве нека имаат трпени уште ден два почнуваат механизациите и од понеделник ќе почне со работа изградбата на асфалтирање на ул. „Панче Караѓозов““ – додаде Николов.
Лаура Стојанова М-Нет